ЗАБАВАСПОРТ

Мал приватен авион посветен на Диего Марадона

Мал приватен авион посветен на легендарниот аргентински фудбалер Диего Марадона, беше претставен во Буенос Аирес На презентацијата на авионот присуствуваа ќерките на Марадона, Далма и Џанина.

Авионот наречен „Танго Д10С“ е мал авион со 12 седишта и е дизајниран како летечки музеј во чест на славниот Аргентинец, кој почина од срцев удар во ноември 2020 година.

На трупот доминира ликот на Марадона како го бакнува трофејот на Светското првенство, кој го освои со Аргентина во 1986 година, додека на крилјата на авионот има слики од двата гола што Марадона ги постигна во четвртфиналето на Светското првенство против Англија (2:1), од кои првиот беше наречен „Божја рака“, а вториот се смета за еден од најубавите голови на сите времиња.

„Мислам дека ова е одлична идеја, бидејќи тој е најдобриот играч во историјата. Ова Светско првенство ќе ни биде прво без Марадона, многу ни недостига, но тој е секогаш тука за нас. Ние играчите од генерацијата 1986 секогаш зборуваме за него и се сеќаваме како не водеше до освојувањето на Светското првенство“, изјави поранешниот аргентински репрезентативец Серхио Батиста.

Компанијата која го финансираше проектот „Дај и добиј“ изјави дека првично ќе нуди приватни летови само во Аргентина, а идејата е авионот да патува до Мексико, Неапол и Дубаи, места кои бае важни за животот на Марадона.

Авионот ќе отпатува за Катар на Мундијалот, а потоа ќе биде ставен на аукција, парите ќе бидат уплатени во хуманитарни цели. /Makfaks/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button