ВЕСТИЗДРАВСТВОМАКЕДОНИЈА

„Мала Богородица“ остана фантомски ковид центар!

„Мала Богородица“ остана фантомски ковид центар!

Сè беше подготвено две години, но просториите на болницата „Мала Богородица“ останаа фантомски ковид центар. Со прогласувањето на кризната состојба во 2020 година, се утврди потребата од зголемување на капацитетите на болниците. Врз основа на договорот болницата „Мала Богородица“ се трансформира во јавно-приватен ковид центар.

Иако беа потрошени милиони евра за реновирање и медицинска опрема, оваа болница никогаш не беше пуштена во употреба. Врз основа на договорот, трите приватни болници мораа да даваат услуги по ниски цени преку Фондот за здравство, шема која никогаш не беше формализирана.

„Иако за време на пандемијата Министерството за здравство побара од трите приватни болници да приспособат простор за лекување на пациенти со КОВИД преку Фондот, болницата Мала Богородица никогаш не беше пуштена во употреба. Од министерството велат дека причина била опремата и централниот систем за снабдување со кислород. Од приватните болници велат дека просторот бил готов во рекордно време, но немало потреба таму да се носат пациенти, иако во пикот на пандемијата сите ковид центри и приватни клиники беа преполни.“

Од трите приватни болници „Аџибадем Систина“, „Жан Митрев“ и „РеМедика“ ни рекоа дека покрај приспособувањето на опремата, медицинскиот персонал требало да биде ангажиран од сегашниот кадар, без нови вработувања. Според договорот со државата, во тој ковид центар, трите приватни болници би ангажирале 5 лекари, 30 медицински сестри и 8 други од болничкиот персонал. Целиот план до ден денес остана на хартија.

„Чекавме министерството да даде дозвола на трите приватни болници да го користат објектот како КОВИД центар. Чекавме дозвола и од станицата за снабдување со кислород. Го чекавме предлогот на министерството за нивни лекари кои ќе раководат со тој ковид центар. Ја чекавме и понудата на Фондот за здравство“, велат од Болница „Аџибадем Систина“ Скопје.

Нашиот здравствен систем за време на пандемијата имаше околу 1.500 кревети за пациенти со Ковид-19, што ги опфаќа сите јавни клиники, болнички одделенија и центри приспособени за КОВИД во земјата. „Мала Богородица“ со 100 легла остана на готовс, но Министерството за здравство никогаш не ja стави во функција. Зошто е тоа така, ниту денеска не добивме одговор.

Аднан Ќаили

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button