ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мали се шансите за отворени листи на локалните избори

Политичките прашања, поврзани со Изборниот законик, висат. Договор помеѓу партиите засега нема. Министерството за правда најавува, дека неделава ќе има обид за евентуален договор. Ако не биде постигнат консензус по однос на отворените прашања, на локални избори наесен ќе се оди со актуелниот изборен модел и покрај декларативните заложби на партиите, граѓаните да можат да гласаат на отворни листи.

Доколку овој период, овие неколку дена не успееме да постигнеме согласност за промена на изборниот модел во моделот на локалните избори, отворени кандидатски листи и избор на градоначалници различно од сега, тогаш ќе остане сегашниот модел само ќе ги вградиме препораките на ОБСЕ а ќе продолжиме со дијалогот за понатамошните изборни циклуси – изјави Бојан Маричиќ, министер за правда.

Промена на Изборниот законик минатиот месец побараа 34 пратеници од помалите партии. Предлогот беше, една изборна единица со пропорционален модел на гласање и отворени листи. Изборниот законик до сега има претрпено 35 измени. Партиите засега декларативно сите се залагаат за отворени листи. ВМРО – ДПМНЕ бара градоначалник да се бира во прв круг. За отворени листи се и СДСМ и коалицијата Алтернатива – Алијанса, додека владеачаката ДУИ неофицијално е против отворени листи со кои граѓаните ќе можат да изберат за кој кандидат би гласеле независно од позицијата на иборната листа.

Бојан Стојановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button