ВЕСТИМЕТРОПОЛ

Манескин сега треба да објасни плагијат? Италијанските рокери повторно во центарот на вниманието

Италијанскиот бенд „Манескин“ повторно е во центарот на можен скандал. Неполн месец откако ја освоија „Евровизија“ со песната „Зити е Буони“, се појавуваат обвинувања дека песната можеби е плагијат, пренесуваат италијанските медиуми.

Имено, Јорис Лиснс, член на рок-групата „The Vendettas“, во изјава за холандската РТЛ рекол дека победничката песна „Зити е Буони“, која победи прво на „Сан Ремо“, а потоа и во Ротердам, потсетува на делови од неговиот хит “You want it, you’ve got it”.

Како и да е, оваа музичка група, пренесува РТЛ, нема да преземе никакви законски мерки против италијански пејачи.

„Овие млади луѓе сè уште не беа родени кога го имавме нашиот рок бенд“, вели Лиснс, додавајќи дека не е целосно сигурен оти делчови од нивната нумера се украдени.

Проценете сами…

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button