ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Активно работиме да се спречат сите обиди за заобиколување на правдата

Министерството за правда активно работи да се спречат обидите за заобиколување на правдата, порача министерот за правда Бојан Маричиќ во своето он-лајн обраќање на отворањето на јавната дебата „Истражување и анализа на состојбите со корупцијата во правосудството“ во организација на Државната комисија за спречување на корупцијата.

-Не можеме да имаме силна правна држава ако законите не важат за сите подеднакво. Тие што направиле корупција или криминал, без разлика дали се работи за политичари, судии или кој било, мора да одговараат. Обидите за заобиколување на правдата и правниот систем не смееме да ги дозволиме. Токму затоа ја поддржавме и новата методологија за проверка на работата во судството. Вчера Судскиот совет донесе одлука за разрешување на тројца судии. Досега вкупно 16 судии се разрешени. Сметам дека овие проверки според планот треба да продолжат и јас како министер и Владата во целина, даваме безрезервна поддршка на тој процес, потенцираше Маричиќ.

Тој се осврна и на повеќе законски измени кој се во насока за засилена и ефиксна борбата против криминалот и корупцијата и потенцира дека со Планот за борба против корупцијата и Агендата Европа дома, Владата предвидува екипирање и дигитализација во јавното обвинителство, електронска размена на податоци меѓу институциите за поефикасно спроведување на истраги и подобрена координација.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button