МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Дигитализацијата на судството ќе значи и нови услуги за граѓаните

Министерот за правда Бојан Маричиќ изјави денеска дека набрзо во земјава ќе почне да пристигнува опремата која ќе биде инсталирана во судовите и судниците, со што тие целосно ќе се дигитализираат. Според планот за дигитализацијата кој веќе го усвои Влада, ќе се опремат речиси 200 судници, 34 судови, но и новата судница која се прави во затворот Идризово, што ќе овозможи судење на делечина.

-Наша цел е побрзо, подобро и посовремено судство, а тоа значи дигитализација на постапките во судствотo, воведување на електронска комуникација помеѓу судовите, другите правосудни институции, но и дигитализација на услугите за граѓаните. Владата неодамна го донесе оперативниот план кој всушност произлегува од активностите на агендата на Европската Комисија ,,ЗЕЛЕНА ДИГИТАЛНА ТРАНЗИЦИЈА”. Ова значи дека е вистинско време за модернизација на судството и дека сме фатиле чекор со современите текови. Дигитализацијата на судството е еден од важните чекори во реформата на системот, особено во зголемување на ефикасноста и транспарентноста, потенцираше Маричиќ.

Министерот за правда Маричиќ објави и дека со ОБСЕ се работи на изготвување функционална платформа на која ќе бидат објавувани податоци за работата на судовите во врска со квалитетот и квантитетот на нивното работење, односно распределбата на предмети, завршени предмети, времетраењето на постапките и евентуално одложувања.

Со дигитализацијата ќе се воведат и нови електронски услуги за граѓаните, односно сите потребни потврди од судовите и институциите ќе можат да се добиваат електронски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button