МАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Историските прашања нема да се дел од преговарачката рамка

Во оваа фаза ние се уште ги разгледуваме документите во пакет, така како што се предложени и откако сите документи ќе бидат разгледни, ќе се согласиме или нема да се согласиме, зависно од исходот, но доколку се согласиме на овој пакет, тоа ќе подразбира и брзо започнување на сите процедури, одговори вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ на денешната прес-конференција на новинарски прашања каква е процедурата за усвојувањето на преговарачката рамка кај нас во домашните институции и во кој дел од овој предлог имаме гаранција дека ова се последните барања од Софија.

Во моментот кога ние ќе се согласиме со преговарачката рамка и сите останати држави членки на ЕУ, рече Маричиќ, ќе биде свикана првата Меѓувладина конференција на која ќе се разговара понатаму за наредните чекори и за официјалното усвојување на преговарачката рамка бидејќи тоа е многу важен документ што ги утврдува правилата и основите на преговорите со ЕУ и практично претставува основа за понатамошно драфтирање или креирање на договорот за наше пристапување кон ЕУ.

– Во рамки на овој документ, така како што е предложен, не постои, не е ставен протоколот што значи дека е исполнето нашето очекување да ги немаме историските прашања, кои би го оптовариле овој процес, потврди вицепремиерот Маричиќ.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button