ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Маричиќ: Праксата на немешање во внатрешните прашања на соседните држави продолжува

Изјаснувањето и дефинирањето на тоа каква етничка заедница егзистира во која било од државите во регионот мислам дека не би било продуктивно во овој момент, ние се водиме од европски принципи и практики и тоа ќе остане така, тоа е наша уставна обврска, рече министерот Бојан Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање на денешната прес-конференција со германската министерка за Европа, Ана Лирман.

И досега, нагласи тој, имавме пракса на немешање во внатрешните прашања на која било наша соседна држава.

– Тоа ни е обврска од Уставот, така што не е на Северна Македонија каде и какво малцинство има во регионот, тоа е внатрешно прашање на сите држави во регионот, вклучувајќи ја и Бугарија, а секоја група на луѓе, етничка заедница или пак политичка партија или здружение имаат право да ги бараат своите права преку Советот на Европа, Европскиот суд за човекови права или Европската конвенција за заштита на човековите права, рече Маричиќ.

Во однос на прашањето за работните групи, како и за историската комисија, Маричиќ вели дека сето она што е досега направено, односно досегашните напори, ќе бидат вградени во наредната рамка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button