СПОРТ
Маркез, пол-позиција за трката на Големата награда на Италија

Марк Маркез ја освои пол-позицијата за трката на Големата награда на Италија, која се вози во рамки на Мото ГП шампионатот.
Втората позиција му припадна на Франческо Пеко Бањаја, кој доцнеше 0.059 секунди зад Маркез, а на третото место се пласираше Алекс Маркез, со заостанување од 0.083 секунди).
Во првите десетмина на квалификациите завршија уште Фабио Квартараро, Маверик Вињалес, Франко Морбидели, Дабио Ди ЏанАнтонио, Педро Акоста, Алекс Ринс и Марко Бецеки.
Спринт-трката е закажана за сабота во 15:00 часот, додека главната трка ќе се одржи в недела, со почеток во 14:00 часот.