ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Марковска: Блокадите од ВМРО-ДПМНЕ нема да успеат, СДСМ ќе продолжи да работи во интерес на граѓаните

Блокадата на собранието не е новина, ние веќе 2 години се соочуваме со блокада од страна на ВМРО-ДПМНЕ, истакна пратеничката на СДСМ Даниела Марковска.
Таа наведе дека две години во Собранието од страна на опозицијата е блокиран Законот за клинички центар, Законот за наставници и стручни соработници, кој да беше донесен ќе обезбедеше зголемување на платите на наставниците и стручните лица, подобрување на условите во образованието, трансформација на работните места од определено на неопрелено време.
Лицемерно ВМРО-ДПМНЕ закажа седница на собраниската комисија за финансии и буџет и се изгласа законското решение за заем од меѓународната заедница за обнова на локалните патишта, кој потоа го блокираа, истакна Марковска.
Таа нагласи дека ВМРО-ДПМНЕ веќе две години деструктивно се однесуваат, што, за жал е многу лошо, бидејќи ова се тешки години на пандемија, која сериозно ја загрози економската стабилност на целиот свет, на Европа и кај нас, сега во Европа има сериозна војна, која се одразува на еконмската стабилност.
Се наоѓаме во сериозна ситуација во која треба заеднички конструктивно да дејствуваме. Ние ќе продолжиме да работиме во Собранието, како што го изгласавме дневниот ред на последната седница, ќе продолжиме да се бориме со сите блокади што ќе ги постават, зашто во моментот е најважно да се овозможи еден подобар живот за нашите граѓаните, да работиме во нивен интерес, а за тоа е потребно едно функционално собрание, кое мора да продолжи со работа, порача пратеничката на СДСМ Даниела Марковска.
Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button