ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Матични книги – издадени 250.000 документи, но само 18.000 електронски

Матични книги - издадени 250.000 документи, но само 18.000 електронски

За да се добие документ од матичните книги треба да се чека со денови поради административни процедури. Во летната сезона оваа појава кулминираше бидејќи граѓаните сè уште го претпочитаат стариот начин на чекање пред шалтери, а не преку онлајн апликацијата бидејќи електронската процедура им е потешка од физичкото чекање. Со доаѓањето на иселениците, бројот на барања за разни документи двојно се зголеми.

„За да добиваат документи онлајн, потребно е граѓаните да имаат отворен профил за докажување на автентичноста, како и уреди во своите домови за електронски потпис“,велат од Управа за водење на матични книги.

Податоците на Управата за водење на матични книги покажуваат дека во последните 6 месеци се направени над 256 илјади барања за изводи за родени, венчани и починати, но од нив само 18 илјади биле електронски.

Управа за водење на матични книги

Изводи за родени март-август на шалтер 158.929 барања и 14.737 електронски.

Изводи за венчани март-август на шалтер 158.929 барања и 14.737 електронски.

Изводи за умрени за март-август на шалтер, поднесени 28.689 барања и 697 електронски.

 Од оваа Управа велат дека нивниот портал е активен цело време. Граѓаните пак, велат дека не можат секогаш да имаат пристап до електронскиот портал, па се собираат пред вратите на институцијата. Директорот Блерим Абази ги повикува граѓаните да ја избегнуваат летната сезона, а дијаспората ја советува да се ориентира кон онлајн услугите од нивното место на живеење.

„Добивањето на изводи за родени, чекањето е подолго бидејќи МВР го креира матичниот број додека ние како управа издаваме само извод на родени. Поплаки има од граѓаните зошто толку се чека, па формиравме работна група со МВР и во фаза сме на тестирање на електронско генерирање на матичниот број. Во текот на летната сезона, барањата на шалтер, во принцип, треба да чекаат до два дена, а барањата направени по електронски пат се обработуваат во рок од еден ден и бараат помалку работа во споредба со оние преку шалтер“, изјави Блерим Абази, директор во Управата за водење на матични книги.

Иако нема законска пречка, нема ни конкретни чекори за унифицирање на дигиталниот систем, што би овозможило подобрување на правописните грешки во имињата и презимињата. Во споредба со нас, земјите од регионот имаат понапредни дигитални системи на услуги за граѓаните. /Alsat.mk

Аднан Ќаили

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button