ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Mатурантите бараат да се вратат во училиштата

Средношколците се решени второто полугодие да се реализира во комбинирана форма, преку Интернет и со физичко присуство. Најодлучни да се вратат на училиште се матурантите, и покрај фактот што  од образование најавија дека наставата и по зимскиот одмор ќе продолжи онлајн. Матурантите се најпогодени, поради, како што велат, испитите за државна матура и подготовките за запишување на универзитети.

 

„Имаат голем стрес затоа што мојата генерација како матуранти размислува за факултетот и се создава зголемен стрес“. Наставата не беше ефективна, колку и да се труди министерството да каже дека наставата била многу ефикасна, ние го кажуваме спротивното, бидејќи тоа не се случи поради проблеми со Интернетот и многу други проблеми. Затоа, мислам дека проблемите што ги гледаме сега ќе имаат последици во иднина“, рече Бленди Ходаи, претседател на УШМ.

Кудрет Феризи, матурант од Липково, вели дека последиците од учењето онлајн се големи, особено за учениците кои живеат во рурални области. Меѓу најистакнатите проблеми се недостатокот на електрична енергија и интернет.

„Онлајн наставата , за жал, создава само функционална неписменост, бидејќи ученикот може да не биде активен воопшто во текот на часот и да фигурира дека ја следи наставата“. Од ова, ако направиме анализа, ќе излезе дека голем број ученици ја следат наставата, но се поставува прашањето колку е ефективна“, рече Кудрет Феризи, матурант.

Пред извесно време, министерката за образование, Мила Царовска предупреди дека наставата од 21 јануари ќе продолжи повторно онлајн со цел учениците да бидат побезбедни и заштитени од Ковид 19.

Мелихате Рустеми

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button