ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Матурантите го продолжуваат бојкотот на наставата

Матурантите го продолжуваат бојкотот на наставата. Ввелат дека и покрај бројните притисоци, бојкотот нема да биде запрен. Сојузот на средношколци соопшти дека над 75% од матурантите ја бојкотирале наставата. Алсат контактираше со некои од директорите на средните училишта за да открие точно колку матуранти бојкотираат. Во гимназијата „Зеф Луш Марку“ во Скопје имало само 40 ученици од вкупно 380 матуранти. Додека пак, во гимназијата „Сами Фрашери“ во Куманово, настава следат само 15 ученици од 206 матуранти. Од Унијата остануваат на ставот за кратење на материјалиот и намалување на предметите за државната матура.

 Матурантите трет ден ja  бојкотираат наставата. И покрај притисокот од директорите на училиштата, матурантите продолжуваат да бојкотираат. Според информациите на Унијата на средношколци, 75% од матурантите бојкотираат. Ги планираме следните чекори како што е потпишувањето на петицијата од страна на матурантите со барањата на Унијата, како и барањето до пратениците да отворат дебата за државната матура”.

И министерката за образование, Мила Царовска не се предава кога станува збор за државната матура. По средбата што ја имаше со директорите на средните училишта,  апелираше до матурантите да се вратат на училиште. Според Царовска, бојкотот е неоправдан и секој час изгубен според Законот мора да се надомести.

Оваа изјава на Царовска беше дадена за време на посетата на О.У „Хасан Приштина“ во општина Чаир, каде беа поставени заштитни паравани против Ковид 19 за учениците кои посетуваат настава со физичко присуство.

Melihate Rustemi

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button