ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мажите во земјава на работа со автомобил, жените пеш

Мажите во земјава на работа со автомобил, жените пеш

Само два отсто од граѓаните на Македонија како превозно средство користат велосипед. Овој податок е добиен од последниот попис на населението во земјава. Податоците велат дека како најкористено превозно средство е автомобилот, 35 отсто од работоспособното население секојдневно го користат. Една петтина или 20 отсто одат пеш, а јавен автобуски превоз користат седум отсто.

 Државен завод за статистика

Превозни средства

Велосипед     2,3%

Автобус          7%

Пеш               20%

Автомобил    35%

 

Статистичките податоци покажуваат дека 40 отсто од мажите најчесто до работа возат автомобил, околу 17 проценти рекле дека одат пеш, а со градски автобус само 4,4 проценти. Велосипед користат 2,6 проценти, а мотоцикл помалку од 1 отсто. Жените пак, најчесто до работа одат пеш и тоа над 27 проценти, потоа околу 19 проценти возат автомобил, 11 проценти користат градски автобус, а помалку од два отсто користат велосипед.

„Луѓето секогаш ќе најдат излез од ситуацијата и ќе најдат начин како да си возат. А и градот мислам дека не е подготвен за возење велосипеди, а и немаме култура за тоа,“ изјави една од анкетираните граѓани за Алсат

„Имам речиси 68 години меѓутоа нема ден, а да не извозам по 30 километри,“ изјави еден од анкетираните граѓани за Алсат.

Цената на горивата која секојдневно уриваат рекорди, но тоа не го намали метежот во сообраќајот. Реакциите на социјалните мрежи за скапите бензини и дизелот се дека тоа не се чувствува на улиците.

Иле Петревски, новинар на АЛСАТ

„Не само што граѓаните не сакаат да се откажат од задоволствата, а особено од возењето автомобил и покрај високите цени на горивата, туку нашата камера забележа најголем дел од возилата дека се со по еден патник.“

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button