ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити: Казни за прекршителите на Законот за употреба на јазиците

Првиот вицепремиер и директорот на Агенцијата за примена на јазикот ги „осудуваат“ прекршувањата на Законот за употреба на јазиците од страна на некои министерства. Изет Меџити вели дека албанскиот јазик е гарантиран со закон и треба да се преземат мерки за секое прекршување. Директорот на Агенцијата Гранит Османи, пак, вели дека албанскиот јазик е официјален и почитувањето на истиот не е прашање на желба.

„Секој треба да биде одговорен за почитување на законот, едноставно треба да се почитува законот и соодветно на тоа, за оние кои не го почитуваат овој закон, како и другите закони, ќе има мерки. Во оваа насока е и инспекторатот за примена на јазикот, кој треба да биде во оваа функција. Онаму каде што се прекршува законот, каде што не се применува, треба да се преземат мерки“, рече Меџити.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button