ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Меџити: Оставките мора да се прифатат, нема дилеми

Пратеникот на ДУИ, Изет Меџити денеска изјави дека понудените оставки на министерот за здравство и неговиот заменик, Венко Филипче и Илир Хасани, мора да бидат прифатени. Во однос пак, на прашањето  дали има виновник и кој е виновникот, вели дека тоа ќе се дебатира кога дискусијиата ќе се најде во парламентот, дознава Алсат.

„Мислам дека нема дилема, тие поднесоа оставки и треба да се прифатат, мислам дека тоа е морален чин.  Во развиените демократски градови, поради позицијата што ја вршите и да немате одговорност директно,  кога ќе се случи несреќа, министерот за транспорт или други министри поднесуваат оставка од морални причини и тука јас воопшто немам дилема“, изјави Меџити.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button