СПОРТ
Медисон Кис и Јаник Синер, се пласираа во четвртфиналето на турнирот во Мелбурн

Американската тенисерка Медисон Кис ја елиминира Елена Рибакина од првиот Грен слем турнир годинава – Австралија Опен. Кис во осминафиналето ја совлада вицешампионката од 2023 година со резултат 6-3, 1-6, 6-3, по 110 минути игра.
Моментално четиринаесеттата тенисерка во светот во четвртфиналето ќе игра против Елина Свитолина која ја совлада Вероника Кудерметова.
Тенисерот број еден на АТП листата, Јаник Синер, во четири сета го победи Холгер Руне во осминафиналето на Австралија Опен. Синер славеше со 3-1 во сетови (6-3, 3-6, 6-3, 6-2).
Италијанецот во четвртфиналето ќе игра со подобриот од дуелот Алекс Микелсен – Алекс де Минор.