МАКЕДОНИЈА

Медицинска сестра од Кичево почина од Ковид-19

Дваесет и осум годишна медицинска сестра вработена во кичевската Општа болница, почина од компликации од Ковид 19. Таа со тешка клиничка слика пред три дена  била префрлена на скопските клиники, каде што и починала. Била вработена во матичната служба,  потврдија од Општата болница во Кичево, од каде информираа  дека сестрата не била вакцинирана против Ковид 19.

Ова е трет случај на починат од ковид за краток период во овој град, откако претходно починаа двајца постари жители на градот 72 и 74 години.

-И во трите случаи пациентите починале  во болниците во главниот град, потврдија од кичевската болница.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button