ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Медицински екипи од други градови на „стенд бај“ за Самитот на ОБСЕ

Здравствените установи во Скопје денеска и утре ќе работат вообичаено, иако утрешниот ден е прогласен за неработен за државната и јавната администрација поради одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ.

Од Министерството за здравство велат дека нема да има никакви пречки во испораката на здравствената заштита на пациентите во овие два дена.

Поради одржувањето на Министерскиот совет на ОБСЕ, медицинските установи се должни да имаат обезбедено дежурни лекарски екипи и друг медицински персонал со потребни простории и опрема за укажување на медицинска помош, доколку има потреба.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button