СПОРТФУДБАЛ

Медиумите: Бонифејс од Леверкузен се сели во Серија А, но не во Јувентус

Најдобриот стрелец на Баер Леверкузен, Виктор Бонифејс, ќе го напушти клубот во летниот преоден рок. Како што пренесува „Кориере дело Спорт“, Виктор Бонифас ќе се пресели од Леверкузен во Серија А, но не во Јувентус како што првично се шпeкулираше.

Истиот извор тврди дека нигериецот ќе потпише за Милан во трансфер вреден 50 милиони евра. Бонифејс се споменуваше како потенцијален напаѓач на Јувентус следната сезона, доколку Влаховиќ го напушти клубот.

Очигледно е дека србинот ќе остане во Торино, додека Бонифејс ќе се пресели на „Сан Сиро“. Нигериецот постигна 17 гола и запиша девет асистенции на 26 натпревари оваа сезона.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button