СПОРТ

Медведев и Алкараз во четвртфинале, изненади Хачанов

Само еден час и десет минути му беа потребни на Данил Медведев да се пласира во четвртфиналето на Мастерсот во Мајами. Поради дождот што врнеше речиси цел ден вчера во Мајами, мечевите беа одложени, па Данил Медведев и Квентин Алис на теренот излегоа дури 45 минути по полноќ. А потоа следеше рапсодијата на рускиот тенисер која траеше само еден час и десет минути.

Медведев ја забележа 21. победа на последните 22 меча, совладувајќи го со 6:4, 6:2 во сетови. Со тоа се пласира во третото последователно четвртфинале во Мајами, каде ќе игра против Крис Јубенкс.

Карлос Алкараз исто така продолжува во победнички стил. Тој нема ниту еден загубен сет во Мајами. Шпанецот го победи Томи Пол со 6:4, 6:4 и закажа четвртфинална пресметка со Тејлор Фриц.

За изненадување се погрижи Карен Хачанов, кој со 7:6, 6:4 го совлада Стефанос Циципас. Патот до полуфиналето Хачанов ќе го бара против Аргентинецот Серундоло, кој го победи Италијанецот Сонего со 3:6, 6:3, 6:2./Makfax/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button