ВЕСТИСВЕТ

Меѓународниот тим на СЗО ќе одржи прес конференција во Вухан

Меѓународните експерти кои го испитуваат потеклото на пандемијата на коронавирусот во Кина, ќе денеска во кинескиот град Вухан ќе одржат прес конференција, објави Светската здравствена организација. „Меѓународниот тим што работи на разбирање на потеклото на ковид-19 го завршува својот четиринеделен престој во Вухан, Кина и заедно со своите кинески колеги ќе учествуваат на прес-конференција“, соопшти СЗО.

Првите инфекции со коронавирус беа откриени во Вухан во декември 2019 година. Научниците сметаат дека вирусот од кој досега починале повеќе од 2,3 милиони луѓе ширум светот потекнува од лилјаци и може да се пренесе на луѓето. Експертите на СЗО, кои ги поминаа првите 14 дена од своето патување во карантин, посетија голем број места поврзани со потеклото на пандемија, вклучително и пазарот на морски плодови каде што за првпат е откриено дека луѓето се разболуваат.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button