МАКЕДОНИЈА

Мемеди: На режимот на ВМРО-ДУИ му се случи 27 април, додека режимот СДСМ-ДУИ се обидува да ги амнестира организаторите

Пратеникот на Алијансата за Албанците, Ремзи Мемеди во своето денешно гостување во емисијата „Патот кон“ на Алсат рече дека за него и за партијата што ја претставува, настаните од 27 април 2017 година во Собранието претставуваат терористички акт. Според него, коалицијата СДСМ-ДУИ се обидува да ги амнестира организаторите на овие настани.

„Тоа се случи за време на диктаторскиот режим ВМРО-ДУИ, на 27 април. Хибридниот режим СДСМ-ДУИ се обидува да ги амнестира оние кои се осомничени за организирање на 27 април. Реториката што ја користат експонентите на двата најголеми субјекти во моментот, многу суштински докажува дека сè уште продолжуваат да се однесуваат како да се тие сопственици на оваа држава“, рече тој.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button