ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

MЕПСО Објави нов меѓународен тендер за изградба на 400-киловoлтната конекција со Албанија

MЕПСО Објави нов меѓународен тендер за изградба на 400-киловoлтната конекција со Албанија

МЕПСО објави нов меѓународен тендер за изградба на 400киловолтна интерконекција помеѓи Северна Македонија и Албанија. Проектот се оценува како стратешки важен, кој е фундаметален чекор кон комплетирање на регионалниот енергетски коридор Исток Запад, кој ги поврзува Бугарија, Македонија, Албанија, Црна Гора, како и Италија преку подморски кабел. Генералниот директор на МЕПСО, Бурим Љатифи рече дека ова е најголемиот енергетски инфраструктурен проект помеѓу наша земја и Албанија.

Advertisements

„Изградбата на овој интерконектор ќе го позиционира нашиот систем како суштински дел од европската електроенергетска инфраструктура, овозможувајќи стабилно учество на регионалните пазари, пристап до системски и балансни услуги, и обезбедување на посигурно, поекономично снабдување за сите граѓани“, рече Бурим Љатифи – генерален директор на МЕПСО.

Љатифи, вели дека затекнале запоставен проект, со што го раскинале договорот со претходниот изведувач, ивршиле темелна анализа на целокупната техничка и проектна докуменција и поставиле нов модел.

„Предвидена е изградба на стотина километри надземен далекувод од трансформаторската станица Битола 2 до македонско-албанската граница. Проектот е процент на приближно 17 милиони евра, финансиран преку заем на грантови од ЕБОР и европските фондови. Рокот за доставување понуди е 45 дена, а изборот на најповолен понудувач го очекуваме во третиот квартал од оваа година, за реализацијата за започне на почетокот на 2026 година“, додаде Бурим Љатифи – генерален директор на МЕПСО.
Со воспоставувањето на оваа интерконекција, од МЕПСО велат дека е мининмизиран ризокот од прекин на електричната енергија, се овозможува производство на обновлива енергија, како и ќе придонесе за стабилни, достапни и конкурентни цени на електричната енергија. Љатифи додаде деке е оптимист за реализирање на проектот навремено, односно ќе се заврши до крајот на 2027 година./Алсат.мк

Ангел Димовски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button