ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

МЕПСО: Вечерва повторно може да има прекини на струја

Половина Скопје попладнево остана без струја. Повеќе општини од Град Скопје, Велес и Овче Поле неколку часови беа без електрична енергија. Од МЕПСО без дополнителни инфорамции соопштија дека станува збор за испад на далекувод и пожар од трафостанцита од Пинтија кон Бунарџик. Нивните екипи се на терен за утврдување на точните причини.

„Испад на далекуводот од ТС Скопје 4 кон ТС Бунарџик и пожар во близина на трансформаторската станица, беше причина за прекин на снабдувањето со електрична енергија во поголем дел од Скопје, делови од Велес и Овче Поле. Овие два фактори го условија испаѓањето од погон на двата 400/110 кV трансформатори, а со тоа и испадот на целата трафостаница Скопје 4 во населбата Пинтија. Во оваа прилика АД МЕПСО ги информира граѓаните дека и во текот на вечерва се можни краткотрајни прекини во снабдувањето со електрична енергија но единствено во насока на сoздавање услови нашите стручни екипи да ги отстранат преостанатите дефекти“, МЕПСО

Од противпожарната бригада потвдуваат дека нешто по 17 часот добиле повик за пожат во близина на трафостаницата во Пинтија. На лице место утврдиле дека станува збор за пожар надвор од трафостаницата. За да пристапат кон гаснење побарале прекин на струјата.

„На само пристигнување на лице место видовме дека не станува збор за пожар во трафостаницата, поради искрење од далноводот во непосредна близина беше запожарена од сува трева. Веднаш е побарано да биде искучено напојувањето од далноводите и да се пристапи кон гасење за кратко време пожарот беше локализиран останатиот дел беше превентивно екипите останаа дополнително поради повторно пуштање на далноводот додека не се воспостави нормално напојување“, Звонко Томески-Противпожарна бригада

Прекин на електрична енергија во имаше во општините Карпош, Кисела Вода, Аеродром и делови од Автокоманда. Прекинот беше евидентиран од 17.15 до 18 часот. Овој испат ги остави граѓаните без парно греење, за што од ЕСМ уверуваат дека состојбата ќе се нормализира. /Алсат.мк

Андреа Чобанова

 

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button