ВЕСТИСВЕТ

Меркел: Рестрикциите продолжени до 18 април, ситуацијата сериозна

Германија ги продолжува рестрикциите за уште еден месец и воведува уште некои строги мерки за време на велигденските празници, во напорите за запирање на ширењето на коронавирусот, соопшти рано изутрината канцеларката Ангела Меркел.

Во изјавата по маратонскиот видео разговор со 16 гувернери на германските сојузни држави, Меркел изјави дека рестрикциите воведени до 28 март, ќе останат во сила до 18 април.

„Ние имаме нова пандемија, всушност нов вирус кој е од истиот тип, но со комплетно поинакви карактеристики. Тој е многу посмртоносен, позаразен и подолготраен“, рече Меркел.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button