ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Мерките за намалување на инфлацијата не се адекватни, велат од Стопанската комора на северозападна Македонија

Континуираното замрзнување на цените на десетици производи, како мерка, не докажа дека го постигна очекуваниот и прокламираниот ефект. Во таа насока, според Стопанската Комора на северозападна Македонија (СКСЗМ) и актуелните мерки за налување на инфлацијата не се адекватни.

Затоа, велат оттаму треба да се преземат алтернативни мерки и во иднина да прекине праксата на институциите да не се консултираат со стопанските комори при нивното донесување.

„Стопанската комора на северозападна Македонија како институција чија мисија е заштита и унапредување на бизнисите, но и на стопанството воопшто, секогаш апелира дека мерките преземени од Владата и надлежните институции треба да се базираат на анализа и детално прогнозирање на ризиците кои може да ги донесуваат истите. Таков беше случајот со континуираното замрзнување на цените на десетици производи, што на крајот докажа дека оваа мерка не го постигна очекуваниот и прокламираниот ефект. Врз основа на изјавата на гувернерката на Народната банка, Анита Ангеловска Бежоска, инфлацијата достигна 9,5 отсто, што сведочи за тоа дека преземената мерка не ги донесе очекуваните ефекти, додека бизнисите, особено производителите и трговците се оштетени, а од друга страна, граѓаните и понатаму остануваат незаштитени од инфлацијата“, се наведува во соопштението од комората.

 

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button