МЕТРОПОЛ

Месечината добива сопствена временска зона

Како што се наближува враќањето на луѓето на Месечината и реализацијата на амбициозниот план за поставување трајни човечки населби таму, постојат многу работи кои треба да с ерешат претходно. Националните вселенски агенции и приватните вселенски компании кои сакаат да учествуваат во мисиите на Месечината сметаат дека е премногу сложено да се координираат меѓусебно доколку користат различни временски зони.

На состанок во Холандија вселенските организации ја изнесоа важноста на дефинирањето на стандардно лунарно референтно време, а сега во нова објава од Европската вселенска агенција се вели дека е стартуван здружен меѓународен проект за реализација на таа идеја.

Мисиите од различни земји ќе вршат заеднички анализи и можеби ќе мора да комуницираат една со друга и ако не работат директно заедно ако на Месечината се во исто време, па затоа од голема важност е да се впостави стандардно лунарно време како посебна временска зона. Одлуката за лунарното време нема да биде лесна затоа што има бројни предизвици.

Прецизната навигација бара ригорозно мерење на времето, поради што една од темите на кои меѓународна група од вселенски организаии ќе мора да дискутира е дали треба да постои една органиација одговорна за одржување на лунарната временска зона. Понатаму, ќе мора да одлучи дали месечевото време ќе биде синхронизирано со времето на Земјата или не, затоа што часовниците на Месечината работат побрзо врз база на положбата на сателитите. Иако мора да се земат предвид многу фактори, што и да смислат, на крај ќе мора да биде практично за астронаутите кои ќе се движат по површината на Месечината.

Како што велат експертите, ова ќе биде голем предизвик затоа што на површината на Месечината секој лунарен ден трае 29,5 денови на Земјата, а ледените лунарни ноќи траат две недели.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button