ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Месечно во Дрисла 15 тони Ковид-отпад

Ковид-кризата го зголеми обемот на медицински отпад кој се носи на уништување во скопската депонија Дрисла каде се гори во печката која е стара 40 години. Месечно во Дрисла доаѓаат по 70 тони медицински отпад, а од нив 15 тони се од Ковид-центрите. Целиот овој опасен и заразен отпад ниту во следниве месеци нема да се уништува во нов систем за медицински смет кого државата не успева да го инсталира уште од 2012 година. Скопскиот градоначалник Шилегов уште пред две години најавуваше дека новата печка ќе биде ставена во функција летото 2018 година. Но, тоа не се случи. Зошто ветувањето не е исполнето? Шилегов го дава следново објаснување:

Набавена е новата печка односно аутокладот за палење на медицинскиот отпад. Меѓутоа, имајќи предвид дека таму сме правни наследници на состојбата во Дрисла и наследивме неуредна градежна документација, односно постапка за издавање на градежна дозвола, тоа е во тек и јас очекувам дека брзо ќе се заврши“-изјави Петре Шилегов, градоначалник на Скопје.

Инаку, старата печка која актуелно го гори медицинскиот отпад, не е ниту редовно сервисирана. Иако тоа треба да се врши еднаш годишно, годинава тоа не е сторено.

Меѓутоа, самата ковид-ситуација, ковид-криза, нас не ни дозволи тоа да го направиме затоа ние секојдневно акцентот за заштита на самата печка ни е зголемен за да не ја изгубиме функционалноста на печката да не предизвикаме друг тип на проблем…“-рече Коста Начевски, директор на Дрисла.

Од Дрисла ветуваат дека новиот систем за третирање на медицински отпад треба да го очекуваме на пролет.

Игор Стефановски

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button