ВЕСТИЕКОНОМИЈА

Месец Рамазан, граѓаните се жалат на цените

Со економска криза, со скапа потрошувачка кошница и ниски приходите. Вака муслиманските верници ги започнаа подготовките за Рамазан. И покрај желбата за зачувување на рамазанскиот дух, со многу храна на ифтарот и сифирска трпеза, граѓаните со кои зборувавме ни рекоа дека ќе го скратат списокот за купување во однос на претходните години.

„Помалку купуваме, колку што имаме во џебот. Земаме по малку од секој артикл за да го поминеме Рамазан како што треба“…

„Мораме да направиме кратења бидејќи можностите не се како што беа порано. Се надеваме дека ќе ни дојдат гости…“

„Не можеме да пречекуваме како порано, затоа што се нема…, условите се потешки. Ако за Рамазан сте викале 20 луѓе, сега треба 10, нешто помалку“, велат граѓаните.

Продавачите велат дека оваа за разлика од минатите години продажбата е послаба.

„Луѓето сакаат да се подготвуваат, но немаат приход од никаде. Цените не се евтини. Немаат. Со една плата каде попрво да ги потроши парите, дали да платат струја или да купат храна и пиење, имаат многу за давање, а малку за земање. Порано купуваа зашто цените беа пониски, сега се поскапи, со 1.000 денари порано ќе наполнеа 2 кеси, а сега една.

„Луѓето немаат пари. Има многу разлика, послабо е оваа година“, рекоа продавачите.

Првиот ден од месецот Рамазан, според Лунарниот календар е утре. Годинава граѓаните ќе постат 29 дена.

Ајнур Бафќари

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button