СПОРТФУДБАЛ

Меси, прв аргентинец кој успеал да стрела на четири мундијали

Аргентина има предност од 1-0 по првиот дел на пресметката против Саудиска Арабија во Лусаил.

„Гаучосите“ доминираа и четири пати ја затресоа мрежата на „гостите“, односно им беа поништени дури три погодоци поради офсајд.

Единствениот регуларен гол дојде во 10 минута од пенал кој го реалиираше Лионел Меси. Со ова ѕвездата на ПСЖ испиша историја и стана прв Аргентинец кој успеал да стрела на четири мундијали, поточно ги надмина Габриел Батистута и Диего Армандо Марадона.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button