СПОРТФУДБАЛ

Меси, во родниот Росарио, доби мурал од 69 метри

Лионел Меси, еден од најдобрите играчи во историјата на фудбалот, во родниот град Росарио, доби мурал висок 69 метри. Графитот наречен „Од друга галаксија, од мојот град“, е дело на уметниците Марлен Зуриага и Лисандро Уртеага.

Муралот го прикажува Меси како капите на националниот тим, во дресот со бројот 10 како со раката го допира сонцето на неговите гради.

На церемонија, организирана од градските власти, присуствуваа деца од основните училишта. Градот Росарио најави уште неколку мурали посветени на Меси.

Пвите фудбалски чекори Меси ги направи во малиот клуб Грандола, потоа се преселил во Њуелс Олд Бојс. Од 2000 година до август 2021, кога се пресели во ПСЖ, беше член на Барселона./Makfax

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button