ВЕСТИРЕГИОН

Мигрантска голгота: Седум момчиња откриени во Србија меѓу пакувања со чипс

Српските цариниците пронашле седум мигранти без документи во товар со чипс на еден од товарните терминали во Лесковац, објави тамошната Царинска управа.

Тие се откриени пред неколку дена, на 30 јули, во камион со белградски регистарски таблички на товарниот терминал. Камионот бил следен поради сомневање дека мигрантите се кријат во товарот.

Наскоро било потврдено дека сомнежите се оправдани, бидејќи седум помлади мажи без документи се пронајдени во пакувања со чипс од Грција, наменети за увозник од Лесковац.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button