ЕКОНОМИЈАМАКЕДОНИЈА

Михајловска: Ниту оваа година не може да се очекува масовен туризам во земјава

Годинава повторно ќе се соочиме со сериозен пад во бројот на туристи коишто би ја посетиле земјава, оценуваат од Стопанската комора. Во интервју за емисијата “Економски Магазин“ на Алсат, Даниела Михајловска од СКМ, вели дека фокусот на државата, но и на туристичкиот сектор треба да биде фокусиран најмногу на привлекување туристи во земјите од регионот.

„Се соочуваме со проблемот – каде се странските туристи коишто треба да дојдат во нашата држава. Нема интерес за организирани туристички групи од земјите со кои сме имале традиционална соработка. Нема видливост дека државата прави промоција за носење туристи од нови пазари. Ние оваа година не може да очекуваме дека ќе имаме масовен туризам…повторно ќе се соочиме со сериозен пад во бројот на туристи, а тоа ќе се одрази и на економскиот прилив во државата по основ на туризмот и угостителството“, вели Михајловска.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button