МАКЕДОНИЈА

Михајловски: Ќе ги изградам катните гаражи од нереализираното ветување на Димитриевски

Кандидатот за градоначалник на Куманово од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата „Обнова за Македонија“, Тони Михајловски во вечерашното гостување во емисијата „Економски Магазин“ на Алсат рече дека во неговата програма, меѓудругото, се вбројуваат и катните гаражи ветени, но нереализирани, од неговиот противкандидат и досегашен градоначалник, Максим Димитриевски.

„…сакаме чиста река во Куманово, а не течна депонија, сакаме да имаме модерно справување со отпад, сакаме слободни тротоари и катни гаражи. Јас ветувам дека нема да ги направам катните гаражи во мојата програма, туку катните гаражи од програмата на господинот Димитриевски, бидејќи се ветени во минатата програма, а не се резлизирани“, рече Михајловски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button