ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мијалков доби осум години за случајот „Трезор“, осудените ќе мора да вратат и 600.000 евра

Начинот на набавката на британската опрема за прислушување преку фирма посредник им донесе затворски казни на поранешниот врв на УБК. Поранешниот шеф на тајната полиција Сашо Мијалков доби осум години за случајот „Трезор“. Поранешниот оперативец, а сега бегалец, Горан Грујевски ја доби највисоката каза од 15 години затвор. По пет години добија Небојша Стајковиќ и Тони Јакимовски, кој беше шеф на кабинетот на Мијалков. Од фирмата „Финзи“, која била посредник за набавката на апаратите за прислушување, ќе ѝ се конфискуваат околу 160.000 евра и неколку возила. Судот пресуди и обвинетите солидарно да ја вратат оштетената буџетска каса во износ од околу 600.000 евра.

„…Сепак, за жал, ова е случај во кој приватниот интерес бил ставен пред државниот, а обвинетите кои требале да го штитат државниот интерес се токму оние кои со искористување на службената положба и овластување ги прекршиле правилата, со цел реализација на приватен интерес.“

Обвинителот Трајче Пеливанов побара Кривичниот суд да му определи притвор на Мијалков во предметот „Трезор“, а да му го укине притворот во случајот „Таргет – Тврдина“. Причината за ова е опасност Мијалков по 27 април тој ќе може да излезе од притвор, а неговите финансии му овозможуваат комотно да живее во бегство. Адвокатите на Мијалков тврдеа дека тој нема да бега.

„Преку Европол потврдени се податоците дека обвинетиот Сашо Мијалков има дозвола за престој и регистрирана адреса на живеење во Прага, Република Чешка, но и поседува две возила кои се регистрирани на негово име.“

„Да се изрече мерка пртивор цитирајќи го членот 174 став 4 од законот за кривична постапка е незаконит, неоснован и нема законска потрепа.“

Сепак, кривичниот суд на Мијалков му одредени нова мерка притвор и тој ќе остане зад решетки во Штука сè до прависолноста на пресудата за случајот „Трезор“, а не како што беше случај во предметот „Таргет – Тврдина“ каде 60 дневниот притвор истекуваше за две недели. Мијалков во слчајот со прислушувањето доби 12 години затвор, а сега и со оваа пресуда тој првостепено е осуден на 20 години живот зад решетки.

Igor Stefanovski

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button