ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мијалков и Апелација во трка со времето за “Титаник 2”

Апелациониот суд во Скопје закажа јавна седница за случајот „Титаник 2“, во којшто е обвинет поранешниот директор на УБК, Сашо Мијалков, осум дена пред да му застари делото. Второстепениот суд објави соопштение за јавната седница која ја закажа за на 30-ти март. Кривичното дело на Мијалков застарува на 7-ми април.

-Апелациониот суд Скопје во интерес на јавноста и медиумите информира дека јавната седница пред судот, по кривичниот предмет КОКЖ-43/23, во јавноста познат како „Титаник“, е закажана за ден 30.03.2023 година во 11 часот и 30 минути, соопшти судот.

Во повторениот процес Мијалков беше осуден на 2 години затвор. Претходно првиот процес со слична казна беше поништен од скопска Апелација и вратен на повторно судење во скопскиот Кривичен суд. Првиот процес во двата суда се одолговлекуваше 5 години, најмногу поради неколкуте заболувања на Мијалков од корона.

Но, повтореното судење заврши многу бргу и сега судот и Мијалков се во трка ао времето. Само едно одложено рочиште или подолго одолговлекување на судската одлука во Апелација ќе значат застарување на екс директорот на УБК во овој предмет.

Предметот може да застари и доколку за закажаното рочиште Струшкиот затвор не го донесе Мијалков на судење. Еднаш веќе се случи такво “заборавање” на Мијалков во затворот, досега никој не одговараше за тој пропуст, но беа сменети и подобрени комуникациските канали меѓу судот во Скопје и затворот во Струга.

Извор: Телма

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button