ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мијалков нуди милиони евра за домашен притвор, одлуката треба да ја донесе Судот

Сашо Мијалков понудил милионска гаранција во евра за да го напушти притворот во Шутка. Неофицијално поранешниот директор на УБК понудил над седум милиони евра. Гаранцијата растела пропорционално со секое негативно мислење кое го давале обвинителите за замена на затворскиот со домашен притвор. Обвинителството сега дополнително треба да достави мислење дали се согласува ваквиот предлог на Мијалков. Инаку, Алсат пред два дена објави дека вишото обвинителство дало негативно мислење за жалбата на Мијалков пред Апелациониот суд. Тој веќе доби 12 години затвор за „Таргет – Тврдина“ и 8 години за случајот „Трезор“. Сега чека пресуда и за „Тортура“ со апсењето на Љубе Бошковски, а осомничен е и во случајот „Плацови на Водно“.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button