ВЕСТИМАКЕДОНИЈА

Мијалков останува во Шутка!

Апелациониот суд донел решение Сашо Мијалков да остане во притвор. Откако поранешниот директор на УБК понуди гаранција од над 10 милиони евра, за да се брани од слобода до правосилност на пресудата, повисокиот суд сепак одлучи дека тој треба да остане во Шутка, потврдија од Апелација за Алсат.

Негативно мислење по однос на неговата жалба, но и понудена милионска гаранција, даде Вишото јавно обвинитество, иако претходно нивните колеги од Организиран криминал, сметаа дека 10 милиони евра се доволна гаранција Мијалков да не избега.

Мијалков веќе е осуден на 20 години затвор за децениското нелегално прислушување и за набавката на опрема за прислушување, за тајната полиција, а веќе на 17 јуни очекува нова пресуда за бруталното апсење на Љубе Бошкоски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button