СПОРТФУДБАЛ

Милан без неколку играчи на мегдан на Калјари

Тренерот на Милан, Стефано Пиоли, го изостави од првиот тим српскиот репрезентативец, Лука Јовиќ. Напаѓачот сигурно нема да биде во составот за мечот со Каљари, а италијанските медиуми пишуваат дека не се работи за недисциплина, туку едноставно стратегот му оставил повеќе време за враќање во добра форма.

Јовиќ доби минутажа на градското дерби против Интер, а исто така играше и на мечот со Верона, но за дуелот со Каљари, тој нема да отпатува со тимот и ќе остане во Милано, каде ќе може да се подготвува за продолжението од сезоната.

Србинот сигурно ќе добие поголема минутажа во иднина, но Пиоли смета дека неговата форма сѐ уште не е задоволителна, а згора на тоа, офанзивецот влече и ситна повреда која не му дозволува да заигра со полниот потенцијал. Покрај Јовиќ, на дуелот со Каљари, Милан нема да ги има на располагање Мајк Мењан и Раде Круниќ, но сепак, „росонерите“ се големи фаворити за освојување на трите бода.

Натпреварот помеѓу Каљари и Милан се игра во рамките на шестото коло од Серија А. Почетокот е закажан за 18:30 часот.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button