СПОРТФУДБАЛ

Милан верува дека може да го задржи Жоао Феликс

Португалскиот фудбалер вчера дебитираше со гол во дресот на Милан откако погоди со лоб за конечни 3-1 против Рома.

Милан и Челси се договорија за позајмица на Феликс до крајот на сезоната без опција за откуп што значи дека Португалецот треба да се врати на Стемфорд Бриџ во јуни. Но, и покрај тоа што нема опција за откуп, директорот на Милан, Џофри Монкада верува дека ќе може да го задржат.

„Имаме одличен однос со Челси и дури и без откупна клаузула има шанси да го задржиме после јуни. Тоа ќе зависи од нас и од Жоао се разбира, но е можност,” вели Монкада.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button