ФУДБАЛ

Милевски на првата средба со новинарите како селектор на фудбалската федерација на Македонија

Благоја Милевски, како нов селектор на Македонија, за првпат се обрати на спортската јавност од својата нова позиција. Милевски доаѓа на местото на Игор Ангеловски и потпиша договор до 2024 година, ветувајќи максимална работа и посветеност на нови успеси на македонската фудбалска репрезентација.

Милевски истакна дека целта на стручниот штаб ќе биде играта да не биде фокусирана на индивидуалниот квалитет, туку на тимската игра и дека во овој поглед треба да се изгради духот на репрезентацијата.

Првиот предизвик на Милевски како селектор на Македонија ќе биде натпреварот во рамките на квалификациите за СП „Катар 2022“, против Ерменија.

Махир Тачи

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button