СПОРТФУДБАЛ

Милевски без двајца фудбалери за мечот против Ерменија

Македонските репрезентативци Ердал Ракип и Адис Јаховиќ поради повреда нема да му бидат на располагање на селекторот Благоја Милевски, пред натпреварите против Ерменија на 11 ноември и Исланд на 14 ноември. Шведскиот фудбалер на Малмос на последниот дуел го повреди коленото, додека теренот го напушти Адис Јаховиќ на средбата меѓу Гезтепе и Коњаспор. Затоа тренерот Милевски дополнително ги повика Енур Тотре од Тирана и напаѓачот на Ботев Враца, Доријан Бабунски. Двајцата играчи ќе бидат на првиот тренинг на националниот тим кој е закажан за 17.00 часот на тренинг центарот „Петар Милошевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button