ЕКОНОМИЈА

Милевски: Несовесните градоначалници се кријат зад одлуките на Советот

Кога ќе има кртивична одговорност тогаш и градоначалниците ќе бидат поодговорни, рече во интервју за емисијата „Економски Магазин“ на Алсат министерот за локална самоуправа, Горан Милевски. На забелешката на новинарот дека државата во неколку наврати ги сервисира долговите на општините, а тие и натаму се во долгови, Милевски вели дека дел од градоначалниците, по вратените долгови совесно продолжиле со работата, но додава дека има и неодговорни градоначалници.

„Тие сега се кријат за одлуките на Советот, кој како колективно тело не сноси одговорност. Градоначалниците можат да смислат нешто, коешто ќе помине со одлука на Совет и тие ќе можат да ги трошат парите онака како што наумиле и ќе бидат законски покриени. Тоа треба да се оневозможи за да не може градоначалникот за да покаже резултат којшто го ветил пред граѓаните, а нема доволно средства да го имплементира, се задолжува неосновано и влегува во вртлог од којшто нема назад“, вели Милевски.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button