ВЕСТИРЕГИОН

Милков не дојде во бугарското Собрание, дебатата за Македонија одложена

Бугарските пратеници денеска нема да дебатираат за односите со Македонија затоа што министерот за надворешни работи Николај Милков не дојде во Народното собрание поради други обврски.

Расправата е тргната од дневниот ред на денешната седница.

Потпретседателот на бугарскиот парламент, Росен Жељазков, на почетокот на седницата соопшти дека добиле допис од МНР дека поради службено патување на Николај Милков надвор од државата, дебатата мора да биде одложена.

Предлогот за ставање на оваа точка на дневниот ред на денешната седница беше на барање на партијата Преродба и на собранискатра комисија за политики за Бугарите во странство.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button