ВЕСТИМАКЕДОНИЈАРЕГИОН

Милков: Софија нема да стави ново вето, С Македонија сѐ уште не почнала преговори

Бугарското Министерство за надворешни работи ќе испрати нота до Скопје со барање да се гарантира безбедноста на Бугарите кои на 4 февруари ќе отпатуваат во Северна Македонија за одбележување на годишнината од раѓањето на Гоце Делчев, најави денеска шефот на бугарската дипломатија Николај Милков.

Тој најави дека за таа цел ќе претстои и телефонски разговор меѓу премиерот Димитар Ковачевски и неговиот бугарски колега Галаб Донев.

Тој нагласи и дека Бугарија нема да стави ново вето на европскиот пат на земјава, бидејќи, како што рече, тоа не е неопходно затоа што Северна Македонија „не ни почнала преговори“.

– Има јасен критериум. Кога Бугарите ќе бидат вклучени во Уставот – почнуваат преговорите. Тогаш веќе можеме да размислуваме до кој степен ги исполнуваат критериумите. Во моментов тоа не е потребно. Тие имаат јасен услов, тоа е европски услов, ратификуван од нашиот Парламент и прифатен од нивниот Парламент како услов. Можеби затоа што гледаат што произлегува од тие услови, затоа сега таму се создаваат овие тензии, додаде Милков.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button