МАКЕДОНИЈА

Милошоски објави документ, кој според него е предлог за преговарачката рамка

Пратеникот на ВМРО-ДПМНЕ, Антонио Милошоски на социјалните мрежи го објави документот, кој според него е предлог за преговарачка рамка на Советот на ЕУ за Северна Македонија, во кој се наведува дека Договорот од Преспа и Договорот за добрососедство со Бугарија од 2017 година стануваат дел на преговарачката рамка со ЕУ.

Милошоски додаде дека повикувајќи се на предлогот, за Македонија се отвора уште едно прашање, тоа за Уставот и вклучувањето на бугарското малцинство како услов за закажување на првата меѓувладина конференција.

Тој ги обвини премиерот Димитар Ковачевски, министерот за надворешни работи Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ, дека знаеле за таков документ, но повторно не ги издвоиле билатералните договори од преговарачката рамка.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button