КОШАРКАСПОРТ

Милвоки Бакс подобар од Бостон, ЛА Клиперс победи во дербито на Западот

Милвоки Бакс го доби дуелот на двете најдобри екипи во НБА лигата, откако го победи Бостон Селтикс со 131:125 по продолжение. Тоа е 11. последовен триумф за Милвоки, а Бостон и покрај поразот остана тим со најдобар ефект во НБА лигата со 41 победа и 17 порази.

Бостон беше ослабен, без двајцата најдобри кошаркари Џејсон Тејтум и Џејлен Браун, но и покрај тоа даде голем отпор. Џру Холидеј беше најефикасен кај Милвоки со 40 поени, а Јанис Адетокумбо имаше дабл-дабл од 36 поени и 13 скокови, додавајќи и девет асистенции. Кај Бостон, најдобри беа Дерик Вајт со 27 поени и 12 асистенции и Малколм Брогдон со 26 постигнати поени.

Феникс Санс со 120:109 го совлада Сакраменто Кингс, иако го немаше во тимот новото големо засилување, Кевин Дурент. Девин Букер беше најефикасен со 32 поени, а одличен беше и центарот Деандре Ејтон со 29 поени и 11 скокови. Кај Сакраменто, прво име беше Деарон Фокс со 35 постигнати поени.

ЛА Клиперс во дербито на Западот го победи актуелниот шампион Голден Стејт вориорс со 134:124. Но, за „воините“ не настапи Стеф Кари. Каваи Ленард со 33 поени имаше блескава вечер./Makfax/

Резултати: Милвоки – Бостон 131:125 (прод.), Торонто – Орландо 123:113, Феникс – Сакраменто 120:109, ЛА Клиперс – Голден Стејт 134:124, Портланд – Вашингтон 101:126.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button