КОШАРКАСПОРТ

Милвоки подобар од Лејкерси без Леброн, Денвер загуби во Орландо

Во НБА лигата се одиграа само четири натпревари. Најпривлечен беше оној во „Крипто.ком Арената“, каде што Милвоки Бакс го совлада Лос Анџелес Лејкерс со 106-115. Домаќинот од Калифорнија беше без првата ѕвезда на тимот, Леброн Џејмс, кој доби поштеда, па гостинот го искористи тоа. Јанис Адетокумбо одигра перфектен натпревар, уфрли 38 поени, водејќи ги Бакси до победата. На спротивната страна, по „дабл-дабл“ ефект собраа Шрудер (25 поени, 12 асистенции) и Ентони Дејвис (23 поени, 16 асистенции).

Бадијала одлични настапи имаа Арон Гордон и Никола Јокиќ, во поразот на Денвер кај Орландо (115-104). Иако важеа за фаворит на оваа средба, Нагетси не успеаја да се радуваат. Гордон го заврши натореварот со 37 поени и 13 скока, додека Јокиќ имаше 29 поени и 12 скока. Во противничкиот табор поените беа подобро распоредени, па најдобар поентер беше Вендел Картер со 19, пред Ентони и Бол кои уфрлија по 17 поени.

На останатите терени Бруклин Нетс славеше со Чикаго Булс (116-105), а домашна победа запиша и Атланта Хокс против Феникс Санс (116-107). /Gol/

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button