ЗДРАВСТВО

Минатата недела раст на бројот на новозаболени од Ковид-19

Во периодот од 14 до 20 март тестирани се вкупно 15.577 материјали во лабораториите во кои се спроведува молекуларно тестирање и антигенско тестирање за присуство на SARS-CoV-2, со зголемување од 2,1 отсто во однос на минатата недела. Регистрирани се 1.834 нови позитивни случаи од 32 градови во државата, со зголемување од 0,9 отсто во однос на минатата недела (n=1.818). Процентот на позитивност се движи од 6,6 отсто до 14,2 отсто, просечно 11,4 отсто, се наведува во неделниот извештај објавен на веб страницата на Институтот за јавно здравје.

Најголем дел од регистрираните случаи се од Скопје, а највисока неделна инциденца е регистрирана во Кавадарци – 198,2/100.000 и Скопје – 169,6/100.000.

Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи. Најзастапена е возрасната група на лица на возраст над 60 години. Најмал број е регистриран кај возрасната група до девет години.

Во однос на претходната недела, се регистрира зголемување на бројот на заболени кај лицата на возраст до 49 години, со најзабележително зголемување од 19,5 отсто во возрасната група од 40 до 49 години и 14,5 отсто во возрасната група од 20 до 29 години. Кај возрасните групи над 50 години се забележува намалување во споредба со минатата недела, 12,3 отсто помалку кај лицата на возраст од 50 до 59 и 10,7 отсто кај лицата над 60 години.

Прикажи повеќе

Related Articles

Back to top button